Како од борба со килограми изградив систем што трае

Фитнес тренер. Автор. Човек кој знае како е да почнеш од нула.

Пред трансформацијата
По трансформацијата

Приказната не почна во теретана.

Почна пред огледало. Бев дете со вишок килограми кое сакаше премногу да јаде и уживав во храната. Не ми значеше ништо грижата за себе, доаѓаа негативни коментари од страна: си се поправил, само јадеш, дебел си... Рефлексијата во огледалото и овие коментари направија да се чувствувам непријатно и засрамено од себе. Па така дојде моментот кога ми беше доста од сѐ – од гледањето на себе во огледало, незадоволството кое го чувствував и секој негативен коментар поврзан со мојот физички изглед. Чувствував некој жар во себе дека навистина не ја заслужувам катастрофалната ситуација во која се наоѓав. Едноставно знаев дека тоа е моментот и морав да направам нешто за себе...

Трансформација 1
Трансформација 2
Трансформација 3

Одлуката што ми го смени животот

Не знаев од каде да почнам и што точно треба да правам за да го сменам телото. Почнав да читам и да се едуцирам секој ден како би ги имал потребните алатки да направам промена.

Почнав сам, изгубен и само правев тоа што го правеа и другите - трчав секој ден, се изгладнував и се движев. Навистина ослабнав дури 10 кг за само неколку месеци. Почнав и да вежбам најпрво со сопствена килажа, но после одредено време ми се случи повреда која не беше предизвикана од тренинг туку од животна околност. Тука се промени мојот живот.

EFA Academy сертификат
Body Reshape сертификат

Ме оддели од тренинг повредата добри 2 години во кои секојдневно пробував да го решам проблемот со повредата на рамото, ортопеди, лекари, доктори... Ништо не помагаше, а јас морав да ја оддржувам формата која ја постигнав. Тука сфатив колку навистина го сакам ова. Во меѓувреме земав ментор од кого научив многу, консултации на разни теми околу нутриционизам, биохемија, програмирање тренинг.. Така влегов во теретаната, внимателно, структура, прогресија и модификации. Го засакав премногу ова и со текот на времето како што се менуваше моето ниво на едукација, свесност и зрелост, така и мојот изглед се подобруваше. Успеав да ја санирам повредата и да продолжам таму каде што застанав.

Разни пријатели ми велеа кога ќе почнам да тренирам други, бараа од мене да им изработам програми и на тој начин јас сфатив дека тоа е мојот повик. Кога ги правев плановите не се чувствував дека работам туку се чувствував исполнето. Ќе можам некому да му го променам изгледот, начинот на размислување и животот. Тоа ми беше фасцинантно и едвај чекав следната програма да ја правам. Потоа почнаа сериозни едукации - курс за нутриционизам, академија за биохемија, биомеханика, напреден нутриционизам, програмирање тренинг, маркетинг, разни книги, ментори од различни области...

Од тогаш па наваму не престанав да се едуцирам, да вложувам во себе и да се подобрувам. Тоа е мојот повик и она за коешто буквално живеам и дишам. Благодарен сум што можам да го правам ова, што над 300 луѓе имаат поминато низ моите менторски програми и ми имаат укажано поверение. Не сакав да бидам уште еден обичен тренер туку сакав да направам голема промена. Ќе продолжам да го правам ова со полно срце, огромна посветеност и никогаш нема да се откажам.

Не ја сменив само
формата. Научив
како да ја задржам.

Тоа е она кое сакам да ги научам и клиентите. Дека секој може да ослабне со некоја рестриктивна диета и секој може да изгради мускулна маса за неколку месеци. Но, не секој знае како да го задржи изгледот, да најде систем кој му одговара и кој ќе може да го следи доживотно.

Не секој знае како да ужива во процесот и да се изгради низ него. Да стане поинаква, подобра и посреќна личност. Затоа со секој клиент работам индивидуално и се посветувам максимално, да го извлечеме за него најдоброто и да видиме што нему најмногу му одговара.

Тоа ме прави горд, исполнет и ми дава причина да продолжам да го правам ова. А резултатите, искуството на клиентите и нивните трансформации се само доказ и последица за мојата работа, труд и системите кои со години ги усовршувам.

Мојата филозофија

Резултатите доаѓаат од систем, не од мотивација

Долгорочната промена бара долгорочен пристап

Разбирањето е основа на секоја трансформација

Teodor трансформација

Зошто го правам ова?

Затоа што знам како е. Знам како е да се чувствуваш изгубено. Знам како е да пробаш сè и ништо да не функционира. И знам како е кога конечно ќе проработи — и колку тоа те менува.

Мојата мисија е едноставна: да ти помогнам не само да се промениш, туку да останеш таков.
Не привремено. Засекогаш.

Тренинг