Работи со мене.
Трансформирај се засекогаш.

Избери го програмот кој е создаден за тебе и твоите цели. Секој план е 100% персонализиран — без генерички пристап, без copy-paste.

НАЈБАРАНО

Онлајн Менторство

Комплетен систем за трансформација — те води до резултатот кој го посакуваш.

Сè вклучено:

  • Неделна анализа и корекции

    За максимален напредок и постојана оптимизација на планот.

  • Детален план за тренинг со видеа

    Секоја вежба е објаснета — знаеш точно каде, кога и како.

  • Учиш да го задржиш изгледот засекогаш

    Не само трансформација — туку и знаење за целиот живот.

  • Директна комуникација и 24/7 поддршка

    Секогаш достапен за прашања, корекции и мотивација.

  • Персонализиран план за исхрана

    Базиран на твоето тело, вкусовите и твојот животен стил.

  • Листа на чекање поради ограничен број на места.

Избери план

8 недели 220€
Популарно
12 недели 290€
24 недели 490€
ПЕРСОНАЛЕН

Персонален тренинг 1:1

Директна работа со мене, во живо, за максимален напредок.

  • Персонализиран план за исхрана

    Прилагоден на твоите цели и потреби.

  • Тренинзи со мене во живо

    Директно во сала — максимален ефект и правилна техника.

  • Поддршка надвор од тренинзите

    Совети, корекции и мотивација меѓу сесиите.

  • Директна работа за максимален напредок

    Секој тренинг е прилагоден кон твоите цели.

Избери план

3 тренинзи 12.000 ден
4 тренинзи 15.000 ден
5 тренинзи 18.000 ден

Подготвен/a си?

Пополни ја апликацијата и јас ќе те контактирам за бесплатна консултација во најбрз можен рок.

Онлајн Менторство

Моето онлајн менторство е најефикасниот начин да направиш вистинска промена. Не само во изгледот туку и во начинот на кој се чувствуваш и се гледаш себе.

Во онлајн менторството добиваш:

Персонализиран план на исхрана

Направен според твојот начин на живот, обврски, дневна организација, навики, преференција на храна и потреби. Планот се менува на неделно ниво во зависност од тоа како напредуваш, како реагира телото и како се чувствуваш. Сите овие фактори се земени во обзир и се прилагодува така да нема рестрикции кои не можеш да ги издржиш. Без фрустрации и одбивност да се придржуваш до планот.

Персонализиран план за тренинг

Внимателно составен целокупен систем и вежби по твојата анатомија, ограничувања, дисбаланс, асиметрии и слаби мускулни партии. Јасен систем со точен редослед на вежби, работни серии, број на повторувања и тип на тренинг. Го намалуваме ризикот од повреди и имаме максимален напредок за најкратко време.

Видео база со 100+ снимени вежби

Добиваш пристап до видео база со над 100 снимени вежби и детално ти е објаснето како правилно се изведуваат. Јасен систем со точен редослед на вежби, работни серии, број на повторувања и тип на тренинг. Го намалуваме ризикот од повреди и имаме максимален напредок за најкратко време.

Видео корекции и следење на напредок

Ако не си сигурен дали вежбата ја правиш како што треба, ми испраќаш видео и добиваш корекции и насоки. Го следам твојот напредок и константно го прилагодувам тренингот за да извлечеме максимум. Не е ова „еве ти план и ќе се слушнеме за месец дена" — работиме заедно цело време.

Неделни проверки и измени

Се прават со цел да дојдеме до идеалниот план кој тебе најмногу ќе ти одговара и ќе го имаме најоптималниот резултат. Ова е клучно за да нема стагнација, немање напредок и фрустрации. Ќе видиме која комбинација на намирници, тајминг и количина ти одговара, и ќе знаеме што ти прави проблем со дигестија и стомак.

Едукациски материјали

Пристап до материјали за едукација околу исхраната, тренингот, суплементацијата, сонот и многу други совети кои остануваат со тебе засекогаш. Знаењето околу калориите, нутриентите, како да вклопиш оброк кога одиш некаде — целта е да научиш да го разбираш процесот и да имаш долгорочна промена.

Директен контакт со мене

Ова е буквално клучот на менторството. Го имам поминато со над 250 клиенти. Водењето низ процесот и секојдневната комуникација. Кога ќе се појави некој проблем, заедно да го решиме. Ако имаш потреба од некои прашања или дилеми, поминуваме веднаш низ тоа. Поддршката, насоките и советите кои ти ги давам низ целиот процес се можеби најважното нешто тука. Не го правиш ова сам туку заедно — јас сум со тебе.

Прашања за менторството

како функционира менторството?

Ме контактираш најпрво и поминуваме преку тоа што те интересира. По пријавата, добиваш детален прашалник кој го одговараш и врз основа на твоите одговори, слободно време, стил на живот, потреби и цели, ја правам почетната програма за исхрана и тренинг.

Колку време трае менторството?

Менторството се состои од тренажен циклус од минимум 8 недели. На неделно ниво ги подесуваме интензитетот, волуменот и користиме напредни техники за да го забрзаме целиот напредок. Сето ова зависи од начинот на кој реагира твоето тело и затоа ова е минималниот период. Имаш опција на 8, 12 и 24 недели. По завршувањето на првиот пакет, имаш можност за продолжување на менторството по поволна цена.

како изгледа менторството?

Менторството е организирано преку структуиран период на работа со константни подесувања и модификации. Секоја недела испраќаш извештај и врз основа на твоите одговори, добиваш промени во плановите. Напредокот константно се оптимизира и забрзува. Ова е причината зошто резултатот е загарантиран.

како комуницираме?

Комуникацијата се одвива на Вибер или WhatsApp. Секогаш знаеш точно што треба да правиш и сум достапен за било какви прашања околу тренингот, спремање на оброци, мислења, совети за нешто, нејаснотии или проблеми кои ќе се појават. Можеш буквално за сè да ми се обратиш и заедно ќе најдеме сигурно решение.

Менторството е инвестиција во своето тело, здравје и самодоверба.

Спремен/на си да почнеш? Ако сакаш конечно да видиш резултати и да престанеш да стагнираш — аплицирај.

* Можеш да го резервираш планот со првата половина од уплатата, а кога ќе го исплатиш и вториот дел, ја добиваш програмата и започнуваме со трансформацијата. Поради големиот број на пријави, чекањето на програмата може да трае 20–40 дена од датумот на уплатата, во зависност од бројот на постоечки резервации.